Овој документ за политика е подготвен со цел да ги презентира крајните резултати од „Проектот за развој на микро и мали бизниси на жени во прекугранична област“ поддржан од ИПА прекуграничните фондови на Северна Македонија и Албанија за 2014-2015 година и е спроведен од Центарот за компаративни и интернационални студии (ЦКИС) во Албанија во соработка со партнерите од Северна Македонија. Проектот се фокусира на прекуграничниот регион Полог (Северна Македонија) и Елбасан (Албанија). Целта на овој документ е на кратко да се презентираат резултатите од проектот во однос на зајакнувањето на жените во бизнисот секторот во регионот Елбасан преку развој на нивните вештини за користење на информатички и комуникациски технологии (ИКТ). Препораките презентирани во овој документ се засноваат на докази, што значи дека тие се базираат на конкретно искуство стекнато при спроведувањето на проектот.