Политики за развој на микропретпријатијата во сопственост на жени во прекуграничната област - физибилити студија | ЦУП
Сподели

Политики за развој на микропретпријатијата во сопственост на жени во прекуграничната област - физибилити студија

Автор:

година: 2019

Оваа физибилити студија е подготвена во рамки на „Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“, имплементиран согласно Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за 2014 и 2015 година. Во неа се претставени некои од можните мерки т.е. решенија за отворање нови работни места и креирање политики за создавање нови работни места кои се однесуваат на претприемништвото и самовработувањето. Во смисла на овие политики постојат неколку клучни документи и стратегии кои се однесуваат на поддршка на нови иновативни компании и на развој на претприемништвото во целина, како и поддршка за жените претприемачи.

Главна цел на оваа физибилити студија е да ги утврди и разгледа актуелните владини политики наменети за поддршка на претприемништвото кај жените кои постојат на национално и/ или регионално и локално ниво во секоја од државите и во двата региона. Притоа, целта е да се идентификуваат недостатоците и административните пречки кога станува збор за поддршката наменета за жените со цел поттикнување и подобрување на женското претприемништво и развој на микропретпријатија во сопственост на жени.

Крајната цел е да се согледа колку се остварливи актуелните владини политики за долгорочен развој на женското претприемништво во државата и во конкретниот прекуграничен регион опфатен со проектот. Врз основа на ситуацијата која е констатирана дадени се определени препораки и заклучоци, а исто така предложени се и некои нови и подобрени мерки за одржлив развој на микропретпријатија во сопственост на жени. 

 

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk