Овој документ за политика е изработен со цел да се образложат крајните резултати од “Проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“ поддржан од ИПА прекуграничните фондови на Северна Македонија и Албанија за 2014-2015 година и спроведуван од Центарот за компаративни и меѓународни студии (CCIS) во Албанија во соработка со партнерите од Северна Македонија. Проектот се фокусира на прекуграничниот регион Полог (Северна Македонија) и Елбасан (Албанија). Целта на овој документ е кратко да се презентираат резултатите од проектот во однос на зајакнување на женското претприемништво во регионот на Елбасан преку развој на нивните вештини за користење на информатички и комуникациски технологии (ИКТ). Препораките презентирани во овој документ се засноваат на докази што значи дека тие се базираат на конкретно искуство и увид стекнати при спроведувањето на проектните активности