Истражувања
Унапредување на граѓанскиот идентитет и поттикнување на граѓанска совест и акција
Преку анализа на неколку рецентни случаи за практикувањето на граѓанското и политичкото право на протест, во овој документ за политика се посочува содејство на неразвиена граѓанска активност и неосвестен граѓански идентитет во Република Македонија, при што ја потенцираме потребата од низа политики насочени кон препознавање и кон развој на тие круцијални слаби точки од општествениот живот, и укажуваме на некои искуства, начини и методи како применлив политички потенцијал. За граѓанскиот политички курс на македонското мултикултурно општество, неопходен е - инклузивен граѓански идентитет, но за негово креирање не е доволно да се воспостават само формалните карактеристики на демократската институционална рамка, туку се потребни насочени мерки за негово негување и унапредување кои во РМ отсуствуваат и кои се предлагаат во овој документ за политика.
Слични публикации
Стручен коментар и предлози за нацрт-законите кои го уредуваат вработувањето во јавниот сектор, објавени на ЕНЕР на 27.12.2024
Проекција на импликациите од член 11 од законот за плата и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица










