Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во усвојувањето на отворените политики на локалната власт, за ефикасно учество во развојот, донесување одлуки, креирањето на јавното мислење и мониторинг на политики на национално и локално ниво.
Период 20.11.2015 - 20.05.2017
Донатор: IPA National Programme for Transition Assistance and Institutional Building, Central Financing and Contracting Department Ministry of Finance (CFCD), Делегација на ЕУ; Британска амбасада
Краен корисник на проектот: Граѓански организации (ГО) и сите граѓани на Р. Македонија
Главна цел:
Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации (ГО) во усвојувањето на отворените политики на локалната власт, за ефикасно учество во развојот, донесување одлуки, креирањето на јавното мислење и мониторинг на политики на национално и локално ниво.
Очекувани резултати:
"Само една општина од 81 општина, само една има објавено податоци и информации за тоа каква е состојбата во однос на нивото на загадувачките супстанции во водата, во воздухот и во почвата. Исто така, најголем дел од општините воопшто не ги ни објавуваат своите урбанистички планови" - изјави извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, во прилот емитуван на телевизијата Алсат-М, подготвен од новинарот Мирко Трајановски.
Таа ги презентираше резултатите од обемното истражување спроведено од ЦУП за веб транспарентноста на општините во Македонија и за тоа што граѓаните најмногу сакаат да биде јавно објавено од општинските власти.
Погледнете го нашето креативно видео за: Отворени податоци во рамки на проектот Граѓанинот на прво место, кое има за цел да ја подигне свеста за отворени податоци и нивно приближување до пошироката јавност.
Извршниот директор на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска говореше за концептот на отворени податоци и нивното значење од аспект на транспарентноста и економскиот потенцијал за општините во Република Македонија.