Каталог на услуги | ЦУП

Каталог на услуги

Mеки вештини

Сподели
Филтер

Поставен филтер (Вкупно резултати: 10)

Категорија: Mеки вештини
Отстрани го филтерот
Mеки вештини

Обука за обучувачи (ТОТ)

Целта на програмата е насочена кон стекнување на знаења, вештини и алатки за развивање и спроведување на ефективни партиципативни и сеопфатни програми за обука, а е наменета за идни обучувачи.  

Професионалното знаење за методите на партиципативна обука, презентациски и фацилитаторски техники и стручност во изработка на програми за обука ќе им овозможат на учесниците солидна основа да отпочнат да работат како тренери и/или подобрување на перформансите на оние кои веќе имале искуство во испорака на обука.

Mеки вештини

Интеркултурно учење – работа во мултикултурни средини

Целите на обуката се насочени кон разбирање на различностите - имање поинакови гледишта, идеи, вредности и однесувања, како почетна точка за придвижување кон заеднички интерес. Преку интеракцијата на различностите возможно е да се достигнат нови решенија и да се изнајдат нови принципи за дејствување во подобрување на политиките и стратегиите во работата на јавната администрација. Тие се базираат на рамноправност, достоинството и на еднакви права.

Mеки вештини

Организациска култура и однесување

Обуката има за цел да ја засили свеста за важноста на организациската култура како еден од факторите кои придонесува за успехот или неуспехот на организацијата.

Начинот на кој организацијата ги спроведува активностите; се однесува кон вработените, граѓаните и партнерите; ги споделува идеите, потикнува на иновативност итн. говори за организациската култура.  Во текот на обуката овие елементи се согледуваат низ призма на неколу модели и истражување спроведени ширум Европа.

Mеки вештини

Тим и тимска работа

Градењето на тимови и тимското водство или лидерските вештини ги истражуваат начините како да ги подобриме основните процеси и алатки за да се здобиеме со посветеност во групата, да ја зголемиме довербата и соработката, да ги зајакнеме луѓето и да креираме синергија во извршувањето на задачите.

Целта на програмата е да се унапредат и прошират знаењата и вештините за начините на градење на успешни тимови и улогата на тимскиот лидер како едно од клучните прашања во градењето кохезивна политика од која зависи ефикасноста и ефективноста на компанијата/групата

Mеки вештини

Преговарање

Сите се соочуваме со преговарањето многу често. Преговараме со бизнис партнерите, со клиентите, добавувачите, колегите. Исходот од преговарањето зависи целосно од разбирањето на процесот на преговарање и комуникациските вештини.

Целта на оваа обука е да ги развие преговарачките способности, да ги охрабри учесниците за да го подобрат сопствениот пристап и да постигнат максимални резултати во преговарањето.  

Mеки вештини

Управување и разрешување конфликти

Целта на обуката е развивање на свеста за интерперсоналните конфликти како нераскинлив дел од меѓучовечките релации и потребата од нивно решавање и стекнување знаења и вештини за нивно ефективно надминување.

Преку обуката учесниците ќе разберат дека конфликтите се неизбежни и претставуваат нормален дел и од работното секојдневие. Обуката е чекор кој ќе им овозможи да почнат да создаваат клима за ефикасна интер-персонална комуникација и колаборативен пристап во разрешувањето на конфликти, наместо нивно избегнување или насилно разрешување.

Mеки вештини

Фацилитација / Вештини за фацилитација

Во секојдневниот живот и работа луѓето постојано се наоѓаат во ситуација да присуствуваат на различни состаноци, кои завршуваат во недогледни дискусии.

Фацилитаторските вештини се суштински за работа во тим, група и организација.

Целта на обуката е стекнување на практични знаења и вештини за фацилитација, раководење со време, водење ефективни состаноци и насочување на дискусиите во правец на изнаоѓање на заеднички решенија, заклучоци и договори за полесно реализирање на плановите

Mеки вештини

Презентациски вештини

Основата на новините во изведувањето на успешна презентација се базира на партиципативниот пристап и интеракцијата помеѓу оној кој презентира и слушателите. Од презентерот се очекува да ја изведе презентацијата со интересен и динамичен пристап кој ќе побуди интерес за следење и ќе ги охрабри слушателите активно да партиципираат во дискусијата која следи.

Техниките на презентација, или презентациските вештини се првиот методолошки елемент од доменот на вештини на овој курс.

Целта на оваа обука е учесниците да стекнат теоретски знаења, вештини и алатки за изведување на успешна презентација.

Mеки вештини

Интерперсонални вештини

Обуката има за цел да обезбеди, практични интерперсонални и комуникациски вештини за преку кој учесниците ќе се стекнат со вештини и техники за справување со ситуации и ќе остварат комуникација со поголема флексибилност, доверба, разбирање и влијание.

Со текот на обуката низ интерактивен пристап учесниците треба да станат свести за своите предности и слабости како и подобрување на нивната способност за комуникација. Ваквите вештини ќе може да ги применат и во ситуација на справување со проблеми и донесување на одлуки со што значајно може да се промени квалитетот на релациите во тимот особено во јавната администрација

Mеки вештини

Комуникациски вештини

Ефективната комуникација е есенцијална компонента во секојдневниот живот и работа, без разлика дали станува збор за интерперсонална, интергрупна, интрагрупна, организациска или комуникација со надворешни актери.

Оваа обука ќе ги изложи учесниците на едноставни, а сепак толку важни техники во подобрување на интерперсоналните вештини.

Целта на обуката е да ги зајакне интерперсоналните комуникациски вештини, поврзани со техниките на активно слушање, давање фидбек, поставување на прашања и одговори, невербална комуникцација итн. 

Истовремено обуката на учесниците ќе им овозможи да се запознаат со правилата кои го одредуваат текот на комуникацијата меѓу луѓето и да ги оспособи да ги идентификуваат, елиминираат или намалат причините кои доведуваат до пречки во комуникацијата.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk