Имајќи ги предвид принципите на добро управување и определбите за поттикнување на граѓанското учество на локално ниво со зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето на органите на единиците на локалната самоуправа – градоначалникот и советот – како и на локалната администрација, а воедно поаѓајќи и од можностите на модерните технологии за катализирање на овој процес, овој документ има цел да ги утврди стандардите за е-транспарентност, или информациите и податоците коишто единиците .на локална самоуправа (ЕЛС) треба да ги објавуваат на своите веб-страници во наративна форма, како и во форма на отворени податоци. Целта е на овој начин да се поддржат ЕЛС во нивните напори за целосна имплементација на законските обврски коишто произлегуваат од Законот за локалната самоуправа за редовно информирање на јавноста од страна на органите на општината (градоначалникот и советот), комисиите на советот и јавните служби основани од општината, за нивната работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината.