Повици | ЦУП

Повици

Сподели

Оглас за финансиски менаџер

schedule Дата на објава: 12.01.2017

alarm Краен рок на повикот: 20.01.2017

Центарот за управување со промени (ЦУП) објавува оглас за ангажирање на финансиски менаџер во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ во времетраење од 2 години.

Покана за доставување понуди за повик 06/2016 - Набавка на консултантска куќа за градење на капацитетите на граѓанските организации

schedule Дата на објава: 28.11.2016

alarm Краен рок на повикот: 12.12.2016

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ кој е финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на слободата на медиумите за 2014 година, има потреба од набавка на консултантска куќа за градење на капацитетите на граѓанските организации за потребите на проектот.

Пролонгиран рок за поднесување на понуди

schedule Дата на објава: 22.11.2016

alarm Краен рок на повикот: 29.11.2016

Во врска со Поканата за доставување понуди бр.11/2016 за ангажирање на обучувачи за подобрување на капацитетите на граѓанските организации за отворено владино партнерство и отворени податоци, во рамки на проектот „Граѓанинот на прво место“. 

Покана за доставување понуди 12/2016 за набавка на услуги за изнајмување на аудио опрема за регионални обуки

schedule Дата на објава: 15.11.2016

alarm Краен рок на повикот: 23.11.2016

За потребите на проектот „Граѓанинот на прво место“ (финансиран од Сектор за централно финансирање и склучување на договори на Министерството за финансии на Република Македонија, во рамките на Националната програма за помош при транзиција и институционална надградба 2011, а кофинансиран од Британската амбасада), Центарот за управување со промени - ЦУП испраќа Покана за поднесување на понуди за изнајмување на аудио опрема за регионални обуки.

Покана за доставување понуди 11/2016

schedule Дата на објава: 15.11.2016

alarm Краен рок на повикот: 23.11.2016

За потребите на проектот „Граѓанинот на прво место“ (финансиран од Сектор за централно финансирање и склучување на договори на Министерството за финансии на Република Македонија, во рамките на Националната програма за помош при транзиција и институционална надградба 2011, а кофинансиран од Британската амбасада), Центарот за управување со промени - ЦУП испраќа Покана за поднесување понуди за ангажирање на обучувачи за подобрување на капацитетите на граѓанските организации за отворено владино партнерство и отворени податоци.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk