Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“ има потреба од услуги за одржување на завршна конференција за проектот.
Центарот за управување со промени (ЦУП) има потреба од ангажман на Асистент на проект и лице задолжено за односи со јавност за потребите на проектот "Развој на микро-претпријатија за жени во прекуграничната област". Проектот е поддржан преку Делегацијата на Европската унија и се спроведува во рамки на "Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија за 2014 и 2015 година" со фокус на регионите Полог и Елбасан.
Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“ кој е финансиран од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за планирање и спроведување анкети, утврдување на јавно мислење и други истражувачки услуги.
Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во преку-граничната област”, кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на поранешната југословенска Република Македонија – Албанија за 2014 и 2015”, има потреба од ангажирање на консултантска куќа која ќе обезбеди ангажирање на советници за обука и воспоставување на бизнис планови и изработка на инвестициски планови за развој на микро-претпријатијата во сопственост на жени.
Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испораката на јавни услуги“ кој е финансиран од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за изработка на инфографици, промотивни видеа и кампања на социјални медиуми.