Повици | ЦУП

Повици

Сподели

П О В И К за избор на шест производи за маркетинг кампања

schedule Дата на објава: 09.06.2020

alarm Краен рок на повикот: 15.06.2020

Во рамките на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничната област”, на ден 09.05.2020 година е објавен повик за избор на шест производи од регионите Полог и Елбасан за кои е предвидено спроведување на маркетинг кампања во прекуграничниот регион и регионално. Повикот е отворен и може да учествуваат сите претпријатија во сопственост на жени од регионите Полог и Елбасан.

Повик 08/2020 за за набавка на услуги за планирање и спроведување анкети за утврдување на јавно мислење

schedule Дата на објава: 19.05.2020

alarm Краен рок на повикот: 29.05.2020

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за планирање и спроведување анкети за утврдување на јавно мислење.  

ПОВИК 06/2020 за набавка на услуги за изработка на промотивни видеа и кампања на социјални медиуми

schedule Дата на објава: 16.04.2020

alarm Краен рок на повикот: 26.04.2020

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за изработка на промотивни видеа и кампања на социјални медиуми. Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во техничката спецификација, која е дел од овој повик.

Повик за услуги- експерт за следење и анализа на политики

schedule Дата на објава: 23.03.2020

alarm Краен рок на повикот: 30.03.2020

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на програмата „Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието” која е финансирана од Европската Унија, има потреба од набавка на услуги за следење и анализа на политики. Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во Проектната задача (ТоР), која е дел од овој повик.

ИНТЕРЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНКИТЕ НА МРЕЖИТЕ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ КООРДИНИРАНИ ОД ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ

schedule Дата на објава: 28.02.2020

alarm Краен рок на повикот: 05.03.2020

Во рамки на програмата „Подобра испорака на јавни услуги за граѓаните преку активна вклученост на Собранието“ Центар за управување со промени (ЦУП) објавува интерен повик за членките на мрежите на граѓански организации кои соработуваа со ЦУП во склоп на проектите „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавните услуги“ и „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ за спроведување на истражувања посветени на испораката на јавните услуги, првенствено на локално ниво.

Истражувањата се дел од планираните мерки за подобрување на јавните услуги според потребите на граѓаните и треба да послужат за прибирање податоци за проблемите со јавните услуги, кои ќе им бидат предочени на пратениците во новиот состав во Собранието на Република Северна Македонија, и кои заедно со предлог решенија ќе бидат јавно дискутирани во Собранието. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk