Родова оценка на влијанието на политиките | ЦУП

Родова оценка на влијанието на политиките

Сподели
2 дена
12 сесии
24 часа
10-30 учесници

За програмата

Целта на обуката е да им го добилижи на учесниците процесот на ех-анте оцека на влијанието на политиките и регулативите кои го обликуваат животот на луѓето од родов аспект.

Политиките и регулативите кој навидум се чини дека се неутрални можат да имаат различно влијание на мажите и жените. Ваквите разлики можат да придонесат кон продлабочување на нееднаквостите наместо нивно надминување

Обуката се темели на постојниот процес и примена на Проценка на влијанието на регулативите (ПВР) во процесите на креирање, следење и оценка на политиките, но овој пат фокусот е на родовите прашања.

По завршувањето на обуката учесниците ќе можат успешно да ги практикуваат клучните техники на ПВР процесот и да ги оценуваат родовите аспекти во овие процеси.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Се стекнат со практична примена на ПВР процесот
  • Постигнат заедничко разбирање за важноста на ПВР за подобро законодавство и подобри решенија за јавни политики, но и ќе можат да ги оценат овие влијанија од родов аспект
  • Ќе го разберат важноста и значењето за собирање на родово разделени статистикчки податоци
  • Го разберат процесот на консултации со жените како фокус групи како еден од клучните сегменти во подготовка на политиките и/или законските решенија
  • Знаат практично да применат ех пост и ех анте оценката на избрана политика

Содржина на програмата

  • Родова проценка на влијанието на политиките  
  • Родова проценка на влијанието на регулативите
  • Идентификација и дефинирање на проблеми од родова аспект во рамките на секторските политики.
  • Идентификување на опциите во решавањето на проблемите, и нивните импликации врз мажите и жените, вклучувајќи и алтернативите на регулативата
  • Интерактивна дискусија: Идентификување на широкиот размер на можни опции за разгледување можни влијанија – социајлни, економски, родови, влијанија од аспект на животната стредина итн.
  • Презентација  наодите од студијата на случај во однос на родовите аспекти и влијанијата на определени политики
  • Собирање на податоци  и важноста од родово разделени статистички податоци
  • Консултации со релевантните чинители
  • Составување на сите делови – подготовка на финална проценка на влијанието на регулативата или финална проценка на влијанието на политиката од родов аспект

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар