Основи на отворени податоци | ЦУП

Основи на отворени податоци

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-20 учесници

За програмата

Програмата претставува основна обука за отворени податоци, наменета за лица кои не се запознаени длабински со концептот на отворени податоци и кои не мора да имаат технички познавања од оваа област.

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за причините и придобивките од објавување отворени податоци, како и со основни вештини и техники како може да ги користат отворените податоци за изработка на визуелизации и истражувања.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се стекнат со основни познавања за концептот на отворени податоци
  • Ќе го разберат значењето на отворените податоци за подобрување на транспарентноста, креирање додадена економска вредност и градење поефикасни државни институции
  • Ќе се стекнат со основни знаења од областа на податочна писменост
  • Ќе се стекнат со основни познавања за техничките аспекти на отворени податоци
  • Ќе се стекнат со основни техники за дефинирање на структура на податочен сет, собирање и филтрирање податочни сетови
  • Ќе разберат како може да ги користат отворените податоци за да прават визуелизации и истражувања.

Содржина на програмата

  • Општи поими на податоци и информации, и дефинирање на концептот на отворени податоци.
  • Вовед во податочна писменост
  • Придобивки од објавувањето на отворени податоци
  • Студии на случај на користење отворени податоци
  • Основни технички аспекти за отворени податоци
  • Платформа за отворени податоци data.gov.mk
  • Собирање и филтрирање на отворени податоци
  • Визуелизација и истражувања со отворени податоци

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk