Преговарање | ЦУП

Преговарање

Сподели
1 ден
4 сесии
6 часа
10-20 учесници

За програмата

Сите се соочуваме со преговарањето многу често. Преговараме со бизнис партнерите, со клиентите, добавувачите, колегите. Исходот од преговарањето зависи целосно од разбирањето на процесот на преговарање и комуникациските вештини.

Целта на оваа обука е да ги развие преговарачките способности, да ги охрабри учесниците за да го подобрат сопствениот пристап и да постигнат максимални резултати во преговарањето.  

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе можат:

  • Да ги знаат основните концепти на преговарање и процесот на преговарање
  • Да ја разберат динамиката и методите за успешно преговарање
  • Да планираат и тактички да се подготвуваат за преговарање
  • Да создаваат поволна атмосфера за преговарање
  • Да ги научат вештините за постигнување на сценарио победа-победа при преговарање
  • Да научат да се справат со притисокот и да држат контрола

Содржина на програмата

Основно ниво:

  • Што е преговарање? Елементи на преговарање
  • Страни во преговорите
  • Кои се основните принципи и фази на преговарање?
  • Подготовка и планирање на стратегија за преговарање
  • Практична примена на постапките за преговарање

 

Напредно ниво:

  • Стилови во преговарање
  • Како да се постигне сценарио победа-победа (win-win)?
  • Креативно размислување под притисок
  • Преговарачки вештини за продажба и набавки

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар