Системи и алатки за управување со квалитет | ЦУП

Системи и алатки за управување со квалитет

Сподели
3 дена
9 сесии
24 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со основни познавања за различните системи и алатки за управување со квалитет и да ги препознаат придобивките од воведувањето на истите за организациите.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе ја препознаат потребата од системи и алатки за управување со квалитет
  • Ќе го разберат ИСО 9001 стандардот за управување со квалитет
  • Ќе препознаат модели на целосно управување со квалитет (TQM) и нивните придобивки
  • Ќе се стекнат со познавања за различните модели и техники за мерење на задоволството на корисниците и вработените
  • Ќе го разберат значењето за преструктурирање на деловните процеси на организацијата
  • Ќе се стекнат со познавања за основни системи за управување на односите со корисниците на услугите

Содржина на програмата

  • Основи на управување со квалитет во јавниот сектор
  • ИСО 9001
  • Заедничка рамка за проценка CAF / EFQM
  • Алатки за мерење на задоволство на корисниците
  • Спроведување анкети и таен клиент
  • Анкети на вработени
  • Ре-инженеринг на процеси
  • Управување на односите со корисниците на услугите
  • Стандарди за испорака на услуги

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk