Стратешко лидерство и вештини за креирање на политики | ЦУП

Стратешко лидерство и вештини за креирање на политики

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
/ учесници

За програмата

Целта на програмата Стратешко лидерство и вештини за креирање на политики е да се подобрат знаењето и вештините на вработените за стратешко лидерство и да се развијат вештини во администрацијата за  креирање на политики

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Ги зголемат знаењата за потребата од поефективно стратешко планирање, комуникација, решавање на проблеми и донесување на одлуки;
  • Ги подобрат вештините за процесите во креирањето на политиките – креирање на визија за промени, анализа темелена на докази во процесите на креирање политики, дефинирање на сценарија за политики (worst and best case scenario), донесување на одлуки темелени на критериуми, управување со ризици и оценка на политиките. 
  • Ја подобрат ефективноста во работењето преку употреба на алатки за раководење во креирањето политики и акции и јасна комуникација и објективност во имплементацијата на решенија 
  • Ќе ги практицираат овие вештини за време на обуката

Содржина на програмата

  • Вештини за креирање политики: анализа и употреба на докази Што е важно како доказ?
  • Проценка на потребата за важноста и вредноста на доказите
  • Идентификација на засегнатите страни и мапи за да се   идентификуваат нивните интереси и влијание
  • Промени, несигурност и влијанија
  • Анализа на клучни актери и анализа на влијанија – ПЕСТЛЕ
  • Креирање на сценарија за политики, најдобри и најлоши можни сценарија во креирање на јавни политики
  • Вештини за креирање политики: решавање проблеми и донесување на одлуки 
  • Генерирање опции - креативност во процесот на креирање на политики
  • Критериуми за донесување на одлуки и сортирање опции
  • Оценување водечки опции
  • Имплементација, комуникација и евалуација на политиките
  • Комуникација и подготовка на policy brief
  • Редефинирање на засегнатите страни
  • Мапирање на влијание и анализа на притисоци (influence mapping and pressure analysis)
  • Мониторинг и оценка на политиките

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk