Стратешко планирање во јавната администрација | ЦУП

Стратешко планирање во јавната администрација

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-30 учесници

За програмата

Целта на обуката е разбирање и практицирање на стратешкото планирање како една од клучните компентенции на раководствата на институтциите, кои се очекува да ги поседуваат. Стратегијата како алатка го определува правецот во кој организацијата/институцијата ќе се движи и ја воспставува визијата за промените

Учесниците за време на обуката се стекнуваат со практични вештини како да подготоват стратешки план согласно владините приоритети, низ ефективно водство, поефикасно оператино планирање и искористување на ресурсите и потенцијалот со кои располагаат.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се стекнат со знаење за различни алатки за ефикасно стратешко планирање, согласно најдобрите европски практики во комбинација со насоките за стратешко планирање во администрацијата на РСМ
  • Ќе применат разни механизми на стратешко размислување за да ги анализираат состојбите во опкружувањето
  • Ќе бидат во можност да бираат стратешки мерки кои ќе им обезбедат компетитивна предност
  • Ќе знаат да дефинираат цели и индикатори на успех (Key Performance Indicators KPI’s)
  • Ќе ја разберат важноста од употребата на податоци и докзи во воспоставувањето на таргети
  • Ќе го совладаат системот на следење со кој ќе обезбедат подобра имплементација на мерките.

Содржина на програмата

  • Идентификација на визија, мисија и вредности во процесот на стратешко планирање
  • Проблемска анализа, анализа на докази и анализа на клучните прашања и дилеми во секторите на делување (работа во групи)
  • Дефинирање и мапирање на клучните актери и партнери (институции здруженија на граѓани, деловни субјекти и други засегнати страни) и подготовка на Институциограм
  • Анализа на надворешната средина и дефинирање на фактори кој влијаат врз стратегијата (работа во групи
  • Подготовка на СВОТ анализа и матрица на приоритети (работа во групи) и СОР матрица на стратешка ориентација
  • Анализа на ризици, градење стратегии за надминување на ризици
  • Утврдување на цели, активности и индикатори на влијание (работа во групи)
  • Внатрешни процеси – тековни внатрешни процеси, проблеми кој можат да се појават и подобрување и промени во внатрешните процеси на институцијата – дефинирање на мерки активности за зајакнување на капацитетот (работа во групи)

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk