Мерење на задоволство на корисници – Таен клиент | ЦУП

Мерење на задоволство на корисници – Таен клиент

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Со цел да се комплементираат резултатите од испитувањето на мислењето на корисниците преку спроведени анкети, организациите може да спроведат самостојно истражување „таен клиент“, преку кое обучени претставници нотираат наоди од искуството во добивањето услуга. На тој начин се добива пообјективни и пошироки информации за целокупниот процес на нудењето услуги.

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со теоретско и практично познавање за процесот на имплементација на истражувањето „таен клиент“ и анализа на резултатите од спроведеното истражување.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе го разберат процесот на таен клиент
  • Ќе имаат знаење како да формираат прашалник за спроведување на таен клиент
  • Ќе бидат запознаени со процесот на спроведување таен клиент (теренски и телефонски)
  • Ќе имаат знаење како да ги анализираат резултатите од таен клиент
  • Ќе знаат како да ги искористат резултатите од таен клиент за подобрување работата на органзиацијата

Содржина на програмата

  • Процес на воведување на таен клиент
  • Изработка на прашалник за спроведување на таен клиент
  • Анализа на резултатите од спроведеното истражување на таен клиент
  • Сумирање на резултатите од таен клиент и останати алатки за мерење на задоволството на корисниците

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk