Процес на преговори за членство во ЕУ | ЦУП

Процес на преговори за членство во ЕУ

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
5-15 учесници

За програмата

Европската унија конечно после 15 години кандидатски статус за членство во ЕУ одучи да и отпочне преговорите за членство.Членството во Европската унија не е процес кој ја засегнува само јавната администрација, туку и граѓанското општество, академијата, компаниите, индустријата, учесниците, студентите, сите граѓани.Ова е процес кој треба да се води низ една широка вклученост на сите чинители и отворено и транспарентно за јавноста.Целта на оваа обука е учениците да се запознаат одблиску со самиот процес на водење на преговорите со ЕУ.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Детални информации за процесот на преговорите
  • Националната структура и преговарачите во име на РСМ
  • Структурата на преговарачите од страна на ЕУ
  • Знаење за следење на процесот
  • Знаење за следење на резултати од процесот на преговори
  • Точна информираност и јасни индикатори за препознавање на вистинитост во информирањето ан медиумите околу обој процес
  • Капацитет за градење личен и аргументиран став кон процесот
  • Можности за вклучување на процесот
  • Начин на вршење влијание

Содржина на програмата

  • Историјат на односите РСМ - ЕУ
  • Политика на проширување на ЕУ и критериумите за членство низ годините
  • Градење на методологија за преговори и јакнење на критериумите за членство низ годните од страна на ЕУ
  • Градење на национална платформа за преговори - НПАА, усогласување на законодавството, институционални капацитети
  • Институционална рамка во РСМ за процесот на преговори во ЕУ
  • Структура на преговори  (Објаснувачи скрининг и Билатерален скрининг)
  • Информираност и отвореност на процесот; Влијание и вклученост во процесот
  • Симулација на преговори

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk