Вештини за раководење и управување | ЦУП

Вештини за раководење и управување

Сподели
5 дена
20 сесии
30 часа
10 - 20 учесници

За програмата

Успехот на една организација/институција/компанија  е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина, навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени.

Целта на програмата е да го зголеми разбирањето на учесниците за улогата на раководителот и неговите вештини, да ја подобри способноста на раководителите за мотивирање и развој на членовите на тимот, да ја подобри нивната самосвесност, самодоверба и менаџмент вештини и да ги оспособи да користат менаџмент алатки и техники за донесување одлуки и градење на ефективен тим.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе можат:

  • Да го идентификуваат нивото на сопствените лидерски и менаџерски способности;
  • Да применуваат алатки кои ќе им помогнат во нивното долгорочно и стратешко размуслување
  • Да спроведуваат ефективни организациски промени и да го разберат и применат концептот на организациско учење
  • Да ги усовршат своите комуникациски вештини важни за ефективен менаџмент
  • Да применуваат ефективни алатки за водење состаноци, охрабрување на вработените и групно донесување одлуки
  • Да знаат да применуваат повеќе алатки кои ќе им помогнат во аргументирано одлучување

Содржина на програмата

Модул 1: Лидерство

  • Теории за лидерство
  • Стилови на лидерство
  • Разлика меѓу лидер и менаџер
  • Оценка на менаџмент улоги и вештини

Модул 2: Менаџерски вештини

  • Стратешко размислување
  • Управување со промени и водење на организација која учи
  • Комуникациски вештини и давање фидбек
  • Методи за делегирање
  • Управување со дивергентни очекувања
  • Градење доверба
  • Презентациски вештини
  • Преговарачки вештини

Модул 3: Донесување одлуки

  • Фацилитаторски вештини и ефективно водење состаноци
  • Групно донесување на одлуки
  • Охрабрување на учество на вработените
  • Алатки за донесување на одлуки базирани на информации и анализа: СВОТ, ПЕРТ, cost benefit анализа, матрица за соработка и др.

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk