Методологија за спроведување на функционална анализа | ЦУП

Методологија за спроведување на функционална анализа

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
8-10 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да ја разберат Функционалната анализа како процес за добивање на реална и целосна слика на подготвеноста на институцијата на краток и среден рок да ги спроведе неопходните подобрувања за подобро вршење на нејзините основни функции. ФА треба да даде осврт на ефикасноста и ефективноста на извршувањето на работата и работните задачи во рамки на внатрешната поставеност, како и за дистрибуција на расположливите ресурси.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе имаат познавање за правниот основ за спроведување на ФА
  • Ќе имаат разбирање зашто е важно спроведувањето на ФА и прибирањето на сите информации за функциите кои ги врши една институција, нејзините вработени како и методите на работа за постигнување на очекуваните резултати.
  • Ќе бидат на јасно дека ФА сама по себе не предизвикува суштински промени, туку поставува рамка на сите понатамошни потребни процеси на развој на капацитетите и на управувањето.
  • Ќе се стекнат со познавање на Методологијата за спроведување на ФА во јавниот сектор и чекорите на нејзино спроведување

Содржина на програмата

  • Потреба од ФА во институциите; Моделот на ФА и дефинирање на трите основни критериуми – стратешка усогласеност, остварување резултати и организациски капацитети;
  • Дефинирање на категории на функции кои може да ги врши една институција: функција на креирање јавни политики, регулаторна функција, координативна, функција на давање услуги и функција на подршка;  
  • Начин на спроведување на ФА и организација на процесот; потребна документација и информација за човечките капацитети и нивна перцепција – обрасци и примери;
  • Начин на анализирање на стекнатите информациите и евалуација според критериумите воспоставени во Методологијата – обрасци за пополнување и примери.

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk