Тим и тимска работа | ЦУП

Тим и тимска работа

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
5-10 учесници

За програмата

Градењето на тимови и тимското водство или лидерските вештини ги истражуваат начините како да ги подобриме основните процеси и алатки за да се здобиеме со посветеност во групата, да ја зголемиме довербата и соработката, да ги зајакнеме луѓето и да креираме синергија во извршувањето на задачите.

Целта на програмата е да се унапредат и прошират знаењата и вештините за начините на градење на успешни тимови и улогата на тимскиот лидер како едно од клучните прашања во градењето кохезивна политика од која зависи ефикасноста и ефективноста на компанијата/групата

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе ги препознаат карактеристиките на ефективен тим
  • Ќе го подобрат разбирањето и ќе се стекнат вештини за тоа што го прави еден лидер ефективен
  • Ќе го препознаат значењето на различни улоги и стилови во тимот
  • Ќе стекнат интерперсонални вештини за градење тимови
  • Ќе разберат како се креира идентитетот на тимот, неговите вредности и разбирање за различностите во тимот
  • Ќе можат да ги реплицираат знаењата во имплементација на обука за градење на тимови

Содржина на програмата

  • Тим, карактеристики на тим и тимска работа
  • Фази во формирање на тим
  • Улоги во тимот (индивидуален прашалник за улога во тимот)
  • Методи и техники на тимска работа
  • Фактори кои влијаат на ефективната тимска работа
  • Култура во тимот
  • Разбирање на функционирањето на тимовите и градење кохезија во тимот
  • Интер и интра групна комуникација
  • Интергрупни/интрагрупни конфликти и нивно решавање
  • Фактори на тимска мотивација
  • Улогата на лидерот во градењето на тимот
  • Стилови на водство и организациска клутура

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар