Aнализа на микро и макро окружување погодно за граѓанскиот сектор | ЦУП

Aнализа на микро и макро окружување погодно за граѓанскиот сектор

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-30 учесници

За програмата

Програмата е наменета за потребите на граѓанските организации со цел истите да се здобијат со потребното знаење и алатки кои ќе им послужат на најефикасен можен начин да ги приберат потребните податоци, да направат нивна селекција и врз основа на нив и соодветна анализа за проценка на микро и макро окружувањето во земјата во која што истите функционираат. Микро-окружувањето како анализа на внатрешните фактори и макро окружувањето со надворешните фактори кои ги опкружуваат, создава клима соодветна за правилно функционирање на ГО кои доколку ја познаваат ќе умеат правилно да ги насочат своите ресурси. Целта на обуката е да се унапредат и прошират знаењата и вештините на лицата кои се наоѓаат во управните одбори на граѓанските организации со цел истите да можат да направат проценка на климата во земјата во насока на правилно користење и насочување на ресурсите со кои тие располагаат. Анализата истите ја прават со поддршка на останатите сектори во рамки на нивната организација кои треба да бидат обучени да им ги обезбедат потребните податоци кои ќе бидат веродостојни и точни и на кои истите ќе можат да се потпрат со цел да донесат одлуки кои ќе водат кон раст и развој на организацијата.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • се запознаат со микро и макро окружување како и разликите помеѓу нив
  • се запознаат со факторите кои се врзуваат и влијаат на микро и макро окружувањето;
  • научат да ги анализираат факторите на микро окружување како : клиентите со кои соработуваат, добавувачите, конкурентите, донаторите како и вработените како најважен ресурс;
  • научат да ги анализираат факторите кои влијаат на макро окружување како како што се политички, социјални, економски, правни, технолошки фактори како и бизнис заедницата како целина;
  • совладаат неколку вида на стратегии кои се користат при анализа на макро окружувањето како што се PESTLE и SWOT анализата
  • преку анализите ќе научат да ги мерат перформансите и да поставуваат цели;
  • им се објасни потребата за поседување на стратешки план
  • им се претстават стратегиите кои можат да ги користат за себе само промоција и подобрување на односите со јавноста (PR) преку 7П стратегијата (7Ps Marketing Mix for NGOs) наменета исклучиво за ГО

Содржина на програмата

  • дефиниција за тоа што претставува микро а што макро окружување преку примери
  • фактори кои влијаат на микро окружувањето и нивна анализа
  • фактори кои влијаат на макро окружувањето и нивна анализа како и споредба на истото со земјите на ЕУ
  • изработка на SWOT и PESTLE анализа
  • примери кои се видови на стратегии за овој тип на анализи ни стојат на располагање како и кои се разликите помеѓу нив : PEST, SLEPT, STEEP, DESTEP и STEEPLE анализа
  • мерење на перформанси и поставување на цели
  • техники за профитирање врз основ на предностите со минимизирање на ефектите од слабостите и намалување на влијанието од заканите
  • совладување на „анализа на критичниот фактор за успех“
  • анализа на петте сили или „The Five Forces“- рамка за разгледување на јачината на пет важни фактори кои влијаат на конкуренцијата и подобрување на позицијата на пазарот:
  • изработка на маркетинг анализа за промоција на ГО преку 7П стратегијата составена од производ, цена, промоција, локација, физичкиот доказ, процес и луѓе (7Ps Marketing Mix for NGOs)
  • важноста за поседување на стратешки план во организацијата

Координатор на програмата

Весна Глигорова

Весна Глигорова е магистер по европски студии на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултетет во Скопје, со магистерска теза : „Перспективите на европскиот пазар на труд после последното проширување и реформираниот Лисабонски договор“. Нејзиното претходно образование исто така е во областа на економијата на Економскиот факултет во Скопје на департманот финансиски менаџмент.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk