Новини во Законот за јавните набавки | ЦУП

Новини во Законот за јавните набавки

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Оваа обука има за цел да ги запознае учесниците со измените и дополнувањата на Законит за јавните набавки и нивните практични импликации. Обуката е наменета за вработени во приватниот и јавниот сектор. 

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со практични знаења за тоа како полесно и поефикасно да ги применуваат новините во Законот за јавните набавки во своето секојдневно работење и тоа особено како да подготват понуда, спецификација, образложение, да одредуваат економски најповолна понуда и сл.

Содржина на програмата

1. Најважни измени и дополнувања на Законот за јавните набавки.
- Промена на вредносни прагови.
- Набавки од мала вредност.
- Електронски пазар на набавки од мала вредност.
- Транспарентност.
- Дигитализација на системот на јавни набавки.
- Жалбена постапка.

2. Економски најповолна понуда (ЕНП) - Најдобар однос меѓу цената и квалитетот.
- Нови правила и пристапи кон ЕНП.
- Што значи ЕНП за економските оператори.
- Цена, квалитет и трошок- Што се оценува и како се разликуваат овие елементи.
- Кога ЕНП е задолжителен критериум.
- Разлика помеѓу утврдување на способност и оценување на квалитетот.
- Методологија за оценување и бодување.
- Најчести грешки.

3. Најчести грешки при подготовка и поднесување на понуди.
- Најчести формални и материјални грешки при подготовка и поднесување на понуди.
- Поединоставен аотворена постапка- специфичности, најести грешки и на што треба да внимава економскиот оператор.
- Недоволно разбирање на критериумите за избор и нивно значење при подготовка на понудата.
- Несоодветно дефинирање и подготовка на техничка понуда во однос на барањата од тендерската документација.
- Правилно структурирање и подготовка финансиска понуда и најчести пропусти.
- Невообичаено ниска цена- ризици за економскиот оператор, обврска за образложување и практични аспекти.
- Рокови, електронско поднесување и други практични аспекти од значење за валидност на понудата.
- Појаснување и дополнување на понудата - што може да се појасни или дополни, а што може да доведе до отфрлање.
- Практични примери.

4. Дискусија и прашања

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар