Основна обука за CAF моделот | ЦУП

Основна обука за CAF моделот

Сподели
1 ден
5 сесии
8 часа
10-30 учесници

За програмата

Заедничка рамка за проценка (Common Assessment Framework - CAF) претставува модел за целосно управување со квалитет во организациите од јавниот сектор, развиен од Европскиот институт за јавна администрација. Програмата е наменета за претставници на државни институции кои имаат интерес да се запознаат со моделот и процесот на негова имплементација.

Целта на програмата е учесниците да се запознаат со CAF моделот, начинот на неговата имплементација во институциите и придобивките од неговото воведување.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе бидат запознаени со придобивките од примена на системи и алатки за целосно управување со квалитет
  • Ќе стекнат знаење за 9-те критериуми на CAF моделот
  • Ќе имаат претстава за процесот на развој и примена на CAF моделот во Европа
  • Ќе стекнат знаење за трите главни фази во имплементација на CAF моделот

Содржина на програмата

  • Основи на системи и алатки за целосно управување со квалитет
  • Вовед во целосно управување со квалитет (TQM)
  • Моделот на CAF
  • Историја на воведување на CAF
  • Фази во имплементација на CAF

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk