Обука на обучувачи за CAF моделот | ЦУП

Обука на обучувачи за CAF моделот

Сподели
2 дена
7 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Заедничка рамка за проценка (Common Assessment Framework - CAF) претставува модел за целосно управување со квалитет во организациите од јавниот сектор, развиен од Европскиот институт за јавна администрација. Програмата е наменета за лица кои имаат искуство во спроведувањето на CAF моделот и кои можат да поддржат други институции во спроведувањето на CAF моделот.

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со напредни познавања за CAF моделот, вклучувајќи и вештини за спроведување на обуки, со цел да бидат подготвени самостојно да спроведуваат обуки за воведување на CAF моделот.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе имаат знаење како соодветно и правилно да се имплементира CAF моделот
  • Ќе имаат напредни познавања за како се користи CAF моделот за само-проценка и формулирање на мерки за подобрување;
  • Ќе стекнат вештини за како правилно да се организира и води работилницата за приоретизација на активностите за подобрување
  • Ќе стекнат вешини како соодветно да ја одиграат улогата на фасцилитатор на групата за воведување на CAF моделот

Содржина на програмата

  • Анализа на деветте критериуми на CAF моделот
  • Анализа на фазите на имплементација на CAF моделот
  • Разработка на процесот на самопроценка според моделот
  • Сценарија за процесот на самопроценка
  • Сценарија за процесот на приоритизација на мерки
  • Улога на фасцилитатор во имплементација на CAF моделот
  • Комуникациски вештини за фасцилитација

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk